Странските фирми ги затвораат погоните во Египет

63

egyptПовеќе меѓународни компании ја сопреа работата во Египет каде веќе неколку дена траат жестоки борби. Своите фабрики и канцеларии ги затворија General Motors, Toyota, Royal Dutch Shell, Heineken и Electrolux, пишува Financial Times.

“Донесовме одлука да ја затвориме канцеларијата во Каиро и да го запреме производството во фабриката. Безбедноста на нашите вработени е најважна за нас. Ќе продолжиме да ја надгледуваме ситуацијата”, изјавија од General Motors преку соопштение.

Electrolux, втор по големина произведувач на апарати за домаќинството во светот, соопшти дека ја оценува ситуацијата од ден на ден, за да бидат сигурни дека можат да им гарантираат безбедност на своите вработени. Оваа шведска компанија има 6.800 вработени во Египет, во неколку фабрики за производство на бела техника.

Својата фабрика ја затвори и турски производител на бисквити, Yildiz Holding.

Бројот на жртви во уличните насилства во Египет во изминатите пет дена достигна скоро 800 лица.