Странските инвеститори осум години нема да плаќаат данок во Куба

38

Cuba-economyКубанскиот парламент во саботата усвои нов закон за странски инвестиции, со цел да привлече што повеќе капитал.

Новиот закон за инвестиции, кој би требало да стапи на сила во рок од 90 дена, на странските инвеститори им пружа низа погодности, пред се во поглед на данокот, јавуваат агенциите. Според законот, странските компании кои ќе инвестираат во Куба ќе бидат ослободени од плаќање на данок на добивка во период од осум години, со можност за продолжување на рокот, по што би плаќале данок од 15% на нето профит, што е двојно помалку од моменталниот данок. Исклучок ќе бидат компаниите кои се занимаваат со експлоатација на природни ресурси, кои ќе плаќаат данок на профит од 50%.

Законот ќе дозволи инвестирање во сите области на кубанската економија, освен во здравствената заштита и образованието, според пишувањето на државните медиуми. Сепак, за сите меѓународни инвестиции, ќе треба одобрение од владини претставници.

Според официјалните лица, потребни се повеќе странски инвестиции за да се разбуди стагнацијата на економијата, која минатата година порасна за 2,7%, што е под предвидувањата. Кубанските власти се со став дека економијата треба да расте 7% годишно, за доволно да се прошири економијата.