Странските инвеститори со критики до хрватската влада – фаворизира државни компании

42

Magnifying glass, Euros and figurineЗдружението на странски инвеститори во Хрватска оценува дека хрватската влада со своите неодамнешни одлуки оди во насока на фаворизирање на фирмите во целосна државна сопственост или оние фирми што се важни за Владата, на штета на мнозинско приватните компании кои често се во сопственост на странски инвеститори. Во тој контекст ја наведува одлуката на Владата со која снабдувањето на домаќинствата со плин му ја додели на Хрватското електростопанство.

Според оценката на Здружението, таквите одлуки ја влошуваат инвестициската клима во Хрватска за странски, меѓународни компании, кои ќе ги земат во предвид алтернативно разгледуваните земји за своите инвестиции, пишува Јутарњи лист.

Од Здружението додаваат дека некои од неодамнешните регулаторни одлуки на Владата ја зголемуваат загриженоста на странските инвеститори по прашањето на ускладеност на таквите правила со законите на Европската унија, а за кои Хрватска се обврза да ги применува при влегувањето во ЕУ.