
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции (СДИ) во Црна Гора на крајот на април изнесувал 300 милиони евра, а во исто време од земјата излегле 122 милиони евра, покажуваат прелиминарните податоци на Централната банка (ЦБЦГ).
„Нето-приливот на странски директни инвестиции од јануари до април изнесува 178 милиони евра, што е за 19,04 отсто помалку во однос на истиот период лани“, се наведува во Билтенот на ЦБЦГ.
Вкупниот прилив на странски директни инвестиции е намален за 3,95 отсто во однос на споредбениот период, што е резултат на падот на инвестициите врз основа на меѓукомпаниски долг.
Приливот на странски директни инвестиции во форма на капитални инвестиции изнесува 172 милиони евра, што е 57,55 отсто од вкупниот прилив. Од нив 136,93 милиони евра се инвестирани во недвижен имот, а 35,78 милиони евра во фирми и банки, пишува Банкар.ме.











