Странските туристи оставаа милијарди во Сингапур, а сега ги нема

35

Сингапур се свртува кон домашниот туризам, бидејќи неговите граници се претежно затворени за странски посетители поради коронавирусот. Туристичкиот сектор во земјата е сериозно погоден, бидејќи во голема мера зависи од таа индустрија.

Сингапур ја започна годината силно со дури 1,69 милиони посетители во јануари, а истиот период минатата година имале 1,62 милиони туристи. Бидејќи властите се обидоа да го контролираат ширењето на епидемијата, беа воведени ограничувања за патување.

Чали Мах, претседател на Сингапурскиот туристички одбор, рече дека Сингапур е мала земја, која вообичаено не смета на домашните туристи, но дека сега се појавила потреба, бидејќи тие немаат друг избор.

“Она што сега се обидуваме да го направиме е да ги охрабриме жителите на Сингапур да посетат некои од нашите локални туристички атракции“, вели тој.

Властите на тој начин се обидуваат да надоместат дел од недостатокот на приходи од туризам.

Патниците од Сингапур во 2018 година имале околу 25 милијарди долари трошоци поврзани со туризмот во странство, пренесува CNBC. Целта е да се соберат околу 10% од таа сума од домашните патници. Туристите кои го посетија Сингапур минатата година потрошиле 20,4 милијарди долари. Сингапурскиот одбор за туризам ја започна кампањата SingapoRediscovers во јули, за да ги охрабри жителите на Сингапур да трошат на хотели, ресторани и атракции.

Фото: Pixabay