Стратегија на милијардер: Секој може да претвори 5.000 долари во милион

941

Луѓето грешат кога мислат дека мора да бидат богати за да се збогатат инвестирајќи на пазарот на акции, изјави познатиот инвеститор Рон Барон во интервју за СNBC.

“Мора да имате некој мал износ пари којшто го инвестирате редовно во долг временски период и морате долго да живеете“, вели милијардерот чија стратегија е купи и чувај (buy-and-hold).

Неговата инвестициона компанија Baron capital управува со актива од скоро 26 милијарди долари.

“Сè е во зголемување на каматните стапки“, вели тој, осврнувајќи се на редовните инвестиции и реинвестирање во текот на децении.

Барон заработи милијарди долари со истражување и купување акции на компании за кои веруваше дека се потценети, а потоа ги чуваше во просек 14 години.

Но, индивидуалните инвеститори не мора да избираат акции, вели тој.

“Најлесно е луѓето да купат акции на инвестициски фонд што ги сочинуваат акциите на сите компании на индексот на берзата. Ако инвестирате 5.000 долари на 30 години  тоа вреди околу 890.000 долари“, пресметал тој врз основа на историските податоци за поврат на капитал и на пазарот.

Во краток рок вели дека деценија користење на оваа стратегија ќе донесе добивка од 110.000 долари, а ако тоа го правите 20 години, капиталот ќе порасне на 250.000 долари.

Фото: Pexels