Стратегијата за раст на TAV стана студија на случај на Харвард

36

tav

Оперативниот модел и стратегијата за раст на турскиот оператор со аеродроми TAV стана студија на случај (case study) на Harvard Business School, стои во соопштението на компанијата.

Студијата на случај е за трансформација на TАV во глобален бренд од скромните почетоци во Истанбул.

“Од самиот почеток, воспоставивме бизнис модел што се базира на иновации и паметен раст. Имавме само 10 милиони патници во 2000 година во Истанбул. Денес пречекуваме 102 милиони патници на 14 аеродроми во седум земји. Ние сме број еден во изградба на аеродроми. Овој успех не го постигнавме со физички вредности, туку со интелектуални и социјални, со нашите 54.000 вработени од 39 различни земји. Горди сме што флексибилниот бизнис модел на ТАV сега се разгледува од страна на лидерите на иднината на Харвард”, вели генералниот директор на TAV група, Сани Шенер.

Шенер за компанијата ќе зборува пред студентите на Харвард на 18 февруари.