Стратешка соработка помеѓу Рош Македонија и Триглав Осигурување

60

Рош Македонија и Триглав Осигурување започнаа стратешка соработка во доменот на доброволното приватно здравствено осигурување, со вклучување на услугите на Foundation Medicine во полисите за осигурување на малигни заболувања. Овој новитет во доменот на дијагностицирање и одредување на терапија кај пациентите со малигни заболувања е дополнување на постоечкото покритие за малигни заболувања, коешто е дел од пакетот за доброволно приватно здравствено осигурување на Триглав Осигурување. Услугите на Foundation Medicine вклучуваат геномско профилирање на туморот во метастатска и напредна фаза, со цел  добивање детални информации, коишто им помагаат на лекарите во креирање на персонализиран терапевтски пристап.

До денес, онколошките болести продолжуваат да бидат еден од најголемите причинители на смртност во Македонија и во Европа, веднаш после кардиоваскуларните болести. Секој ден во Македонија се дијагностицираат околу 35 нови случаи на малигни заболувања (1).

Токму поради ова, Триглав Oсигурување одлучи да им овозможи на своите клиенти покривање на трошоците поврзани со услугите на Foundation Medicine.

Осигурениците ќе имаат пристап до услугите за геномско профилирање на Foundation Medicine. Овие услуги ги користат иновативните технологии NGS (Next Generation Sequencing) и нудат детални податоци за геномските промени кај  клетките на туморот, поврзани со можна достапна или експериментална терапија.

„Дијагностиката и фармацевтските истражувања бележат голем напредок во последната деценија. Истовремено, сведоци сме на зголемување на бројот и старосната граница кај постарата популација на глобално ниво, вклучувајќи ја и Северна Македонија. Токму оваа динамика е постојан предизвик во тоа како да се спојат придобивките од научните иновации за пациентите со ефикасноста и долгорочната одржливост. Во моменталната состојба на пандемија, нееднаквоста и пристапот до најдобрите можности на здравствена нега и заштита, дополнително се влошуваат” – изјави директорката на Рош Македонија, д-р Александра Ивановска. „Онкологијата на пример, која настојува да ги персонализира дијагностичко-терапевтските решенија врз основа на карактеристиките на секој поединечен тумор, напуштајќи го традиционалниот пристап кој го нуди истиот лек на сите пациенти, може да понуди решение на предизвикот, бидејќи освен што ги намалува загубите, неефикасноста и каснењата, ги подобрува и клиничките резултати. Пристапот кој ја издвојува нашата компанија оди уште понатаму, целејќи кон стратешки и иновативни партнерства помеѓу здравствениот систем и јавните и приватните субјекти, како што е овој пример помеѓу Рош Македонија и Триглав Осигурување. Наша цел е да ги обединиме силите и заеднички да работиме на пронаоѓање нови начини, кои ќе им овозможат пристап до иновациите на што поголем број пациенти, намалувајќи ги истовремено потрошеното време и трошоците на општеството”.

Потешкотиите со коишто секојдневно се соочуваат пациентите и нивните семејства и чувството на несигурност и ранливост поради болеста, се постојано присутни. Триглав Oсигурување, сакајќи да им излезе во пресрет на потребите на осигурениците, преку своите полиси за здравствено осигурување им нуди широка палета на здравствени услуги на своите корисници.

„Доброволното приватно здравствено осигурување е стратешки производ на Триглав Осигурување и во неговиот развој и надградба континуирано вложуваме значајни ресурси и експертиза, сѐ со цел да обезбедиме релевантна, понуда, којашто во целост ќе ги покрие потребите на нашите клиенти и ќе биде вистинско решение и поткрепа во моменти на неизвесност, изјави во оваа прилика Главниот извршен директор на Триглав Осигурување, г. Ѓорѓе Војновиќ. „Имајќи ја предвид природата на предизвикот, со којшто се соочуваат нашите клиенти, градиме стратешки партнерства, како ова со Рош Македонија, коишто им обезбедуваат врвна, персонализирана услуга. Foundation Medicine испитувањата го дополнуваат постоечкото покритие за малигни заболувања, коешто веќе вклучува комплетна и навремена дијагностика, второ мислење и психијатриски услуги, оперативен зафат, пост оперативни помагала, радио и хемо терапии, како и пластична и реконструктивна хирургија како последица по малигно заболување. Мораме да работиме на подигнување на свеста, едукацијата и на превентивата, како моќни средства за борба против малигните заболувања и нивниот импакт. Но најважно, мораме да си обезбедиме алатки, со коишто ќе се бориме против ударите што животот може да ни ги донесе”.