Strati – автомобил од 3D принтер готов за 44 часа

54

strati

По печатење на различни предмети со 3D принтер, вработените во американски Local Motors го испечатиле електричниот автомобил – Strati. Овој автомобил, составен од 40 делови, е готов за 44 часа, а неговата цена е околу 13.700 евра.

Автомобилот скоро е целосно изработен од карбонски влакна што се спојуваат преку големиот 3D принтер. Но, и покрај се, тој уред не е семоќен, па мора да се купат сопирачки, седишта, волан, електричен мотор, батерии, жици и стакло.

strati 1

“Ние сме прва компанија во светот што испечати автомобил со помош на карбонски влакна и термопластика“, вели Џон Роџерс, директор на Local Motors. Прототипот на овој автомобил може да достигне и до 60 километри на час и без дополнување на енергија да премине 240 километри. Во Strati може да се возат две лица.

На продажба ќе се најде на крајот на оваа година, а купувачот сам ќе може да ја избере опремата, што ќе му биде испечатена. Поради тоа, неговата цена може да достигне и до 22.200 евра.

strati2

Модел од овој автомобил ќе биде претставен наскоро на Меѓународното шоу за технологија и производство во Чикаго.

Од почетокот на 2007 година, со помош на постара верзија на 3D принтер, во Local Motors изработиле неколку мотоцикли и моторизирани скејтборди. За оние кои уживаат во авантурите, тие изработија футуристички трицикл со електричен мотор.