Стравот од забавениот економски раст ја спушти цената на нафтата

9

Цените на нафтата на меѓународните пазари се намалија под 75 долари, најмногу поради стравот од забавување на економскиот раст што во втор план ја потисна намалената понуда по несогласувањата на производителите.

На лондонскиот пазар цената на барел нафта се намали за 86 центи на 74,69 долари, додека минатиот петок го затворија тргување со плус 1,43 долари.

На американскиот пазар со барел нафта се тргуваше по цена пониска за 85 центи на 73,71 долар.

Ширење на коронавирусот и нееднаквиот пристап до вакцини претставува сериозна закана за економскиот раст на глобалната економија.

Фото: Pexels