Стрес тестовите на словенечките банки под контрола на Брисел

24

banka_slovenijeВо десет најголеми словенечки банки, вклучувајќи ги и најголемите што се во државна сопственост, ќе се спроведе контрола и ќе се прегледа квалитетот на нивните средства, објави вчера словенечката централна банка. Во новите стрес тестови на словенечките банки, покрај претставници на словенечката централна банка и министерството за финансии, ќе учествуваат и набљудувачи од Европската комисија и Европската централна банка.

По препорака на ЕУ, на стрес тест ќе бидат ставени Нова љубљанска банка (НЛБ), Нова кредитна банка Марибор (НКБМ) и Абанка, кои се во државна сопственост, како и Банка Цеље, Горењска банка, Пробанка, Фактор банка, Уникредит банка Словенија, Хипо Алпе Адриа Банк и Рајфајзен банка.

Како што пренесуваат словенечките медиуми, стрес тестовите во банките и проверката на квалитетот на нивните средства треба да покажат колку дополнителен капитал би им требало според различни сценарија за развој на ситуацијата на финансискиот пазар до 2015 година и колку се оптоварени со лоши кредити.