Стрип со Бетмен продаден за над два милиони долари

375

Стрип со Бетмен од 1940-та година е продаден за над два милиони долари во САД. Достигнувајќи го овој износ, продажбата на стрипот достигна светски рекорд, соопшти аукциската куќа, Heritage Auctions.

Купувачот на стрипот сакал да остане анонимен, а сега ќе биде сопственик на Betmen No.1, којшто го прикажува Бетмен и неговиот помошник Робин како летаат на жолта позадина и црвен хоризонт во градот Готам.

Познатите ликови како што се Џокер,  Хуго Стрејнџ и Жена – мачка, исто така,се појавуваат во тоа издание што е во скоро совршена состојба.

Доскорешниот сопственик го купил стрипот за 3.000 долари во 1979 година, а неговата оригинална цена во 1940-та година била 10 центи.

Претходниот рекорд за стрип на Бетмен е од минатата година, кога Detective Comics No. 27, во којшто за првпат се појавува Бетмен, е продаден за 1,5 милиони долари.

Фото: Pixabay