Стрмен пад на златото и среброто

95

Благородните метали забележаа голем пад на вредноста на крајот на минатата недела.

Цената на среброто се намали за скоро 10% за една унца, а за исто толкава количина на злато требало да се одвојат помалку од 1.850 долари, што е најниско ниво во последниот месец.

Како причина за падот се наведува зајакнатата вредност на доларот и повисокиот принос на американските обврзници.

Но, падот претставува големо изненадување, бидејќи последните случувања во САД би требало да имаат позитивен ефект, а златото би можело да поскапе пораси хаосот што владее во Вашингтон.

Аналитичарите веќе сметаат дека златото го губи статусот на сигурна инвестиција, а некои мислат дека инвеститорите парите ќе ги насочуваат кон крипто валути.

Фото: Freepik