Строгиот центар на Загреб ќе остане без реклами

72

zagreb_trgНа Бан Јелачиќ и Цветниот плоштад во Загреб наскоро ќе биде забрането поставување реклами и рекламни паноа на згради, а веќе поставените треба да се отстранат најдоцна до следната пролет. Ова е предлогот на загрепскиот градоначалник Милан Бандиќ, за кој ќе се расправа на седницата на Градското собрание на 29 август.

Според Бандиќ, во строгиот центар на градот со години се поставуваат реклами и рекламни паноа од сите видови и величини, по кровови, тераси, фасади на зградите, со што се нарушува изгледот на старото градско јадро, особено на плоштадите Бан Јелачиќ и Петар Прерадовиќ (Цветен плоштад).

Доколку се прифати предлогот, ќе биде забрането поставување реклами на веќе споменатите површини, а според правилникот, реклами ќе може да се поставуваат само во зоната на приземјето. На тој начин старото градско јадро ќе го врати својот идентитет, стои во предлогот.