Од први јануари до 30-ти септември, Струмица Табак од Струмица работеше со добивка во износ од 2.075.000 денари, стои во билансот на успех објавен на Македонска берза.
Во деветте месеци од минатата година, компанијата прикажа добивка во износ од 3.541.000 денари.
Вкупните приходи од продажба во деветте месеци од оваа година изнесуваа 569.127.000 денари, од кои на домашен пазар се реализирани 1.820.000 денари, додека поголемиот дел од 567.308.000 денари е остварен на пазари во странство.
Основна дејност на Струмица Табак е производство на тутунски производи.