Струмица Табак за три месеци прикажа добивка од 221.000 денари

30

strumica tabak

Акционерското друштво Струмица Табак во билансот на успех за период од 01.01. до 31.03. оваа година, прикажа добивка од 221.000 денари.

Истиот период лани, компанијата го заокружи со добивка до 1.142.000 денари.

Вкупните приходи од продажба на компанијата за 2015 година се на ниво од 24.790.000 денари и во целост се реализирани на странски пазари. Минатата година, вкупните приходи од продажба се на ниво од 243.485.000 денари, од кои на домашен пазар се остварени 1.130.000 денари, додека на странски пазари се остварени 242.355.000 денари.