Студент од БиХ патентираше софтвер што придвижува инвалидска количка со трепкање

22

14317463_901733089971440_6174411598012622100_n

Далибор Ѓумиќ (22) од Бихаќ, студент по електротехника, со својот ментор проф. д-р Јасмин Кевриќ направи софтвер што придвижува количка со трепкање на окото, пишува Акта.ба.

Софтверот е применет на инвалидска количка, но може да придвижува и други видови возила.

Како што објаснува Ѓумиќ, уредот ги скенира мозочните активности, односно ги чита мозочните сигнали и на основа на тие сигнали, ги препознава мислите за посакуваната насока. Уредот има можност да добива импулси од очите, односно трепките. На трепките има мали мускули, па кога корисникот ќе трепне, мускулите праќаат електричен импулс што мозокот го препознава. Кога мозокот ќе го препознае импулсот, преку софтверот количката се движи во посакуваната насока. Ако корисникот трепне неколку пати, количката застанува. Ако системот не може да го препознае сигналот, ќе издаде предупредување дека читањето мисли е неуспешно и ќе го замоли корисникот подобро да се сконцентрира и повторно да го замисли посакуваниот правец.

Далибор е со оштетен слух и говор и токму тој инвалидитет го поттикнал да учи и да го развива својот талент, пишува Акта.