Студенти осмислија мобилен уред за мерење квалитет на воздух

67
Група студенти од Факултетот за електротехника во Тузла осмислија мобилен уред за прецизно мерење на квалитетот на воздухот. Прототипот е направен и тестиран изминативе денови кога во градот беше измерена енормна загаденост на воздухот.
Во работилницата, којашто се наоѓа во Тузла, студентите кои своите знаења ги усовршуваат во насока на автоматика и роботика изработија прототип на уред којшто е функционален, а за неговото куќиште користеле 3D принтер.

“Целта ни беше да направиме платформа којашто на граѓаните на едноставен и ефикасен начин ќе им ги покажува моменталните податоци за загадување на воздухот во градот, мерки за заштита во такви ситуации, но и блиски места со чист воздух каде може да отидат. Нашиот прототип е составен од сензори што ја мерат температурата и влажноста на воздухот и концентрацијата на ПМ честички“, вели еден од творците на уредот, Харис Хаџиќ.

Градовите во Босна и Херцеговина во зимскиот период се соочуваат со прекумерно загадување на воздухот.

Фото: Pexels