Stylect: Со еден лајк преку мобилен телефон до посакуваните чевли

24

stylect

Изборот на чевли понекогаш може да биде комплициран, но, за среќа на голем број жени кои уживаат во купување на нови и модерни чевли, еден старт-ап бизнис им го олеснува тоа.

Станува збор за бразилско-британско-литванска старт-ап компанија Stylect, која веќе развила апликација за on line состаноци, а сега истата ќе ја адаптира и за пребарување чевли.

Апликацијата, што моментално е достапна само за оперативниот систем iOS, им овозможува пред се на дамите да знаат се за чевлите што ги интересираат. Оваа апликација генерира повеќе од 50.000 производи кои се дел од понудата на сите e-shop продавници во светот, со сите нивни карактеристики и цени. На чевлите може да им се стави лајк, да се стават во кошничка за купување или да се означат како омилени. Таквите активности на другите корисници на апликацијата ќе им сигнализираат дека станува збор за интересен и добар производ.stylect1

Она што е посебно интересно за Stylect е тоа што оваа апликација информира кога посакуваните чевли ќе се најдат во продавницата во близина или кога чевлите што сте ги означиле како омилени се на акција.

Идејата за развивање на оваа апликација е на Бразилецот Гиакомо Сума, кој претходно бил директор на компанијата за електронска трговија Dafiti, која започнала со работа благодарение на сервисот за финансирање старт-ап бизниси Rocket Internet. Токму преку таа институција беа обезбедени 538.000 долари за Stylect. Сума решил својата нова идеја да ја реализира во Лондон.

sty

Во тоа му помогнал старт-ап акцелераторот TechStars, каде што го запознал Хади Лас, програмер и дизајнер. Тие двајца точно знаеја што сакаат, но им била потребна поддршка за да се претстават на пазарот. Затоа во овој проект го вклучија и Дариус Јанкаускас од Литванија, кој бил експерт за развој на мобилни апликации.

Апликацијата заживеала на крајот на минатата година, а Сума вели дека е повеќе од задоволен од успехот на Stylect.

4

“Оваа апликација е многу заразна и нашите корисници поминуваат многу време на истата. Проценките велат секој корисник во просек прегледал 44 модели на чевли“, вели Сума.