Subway потврди дека е на продажба

36

Subway, еден од најпрепознатливите светски брендови за брза храна, потврди дека е на продажба.

Subway продава 37.000 свои ресторани, а акционерите оваа недела објавија дека размислуваат за најголемата американска банка J.P. Морган Чејс како купувач.

Најавата за продажба не е изненадување.Wall Street Journalна почетокот на јануари објави дека Subway се подготвува за продажба, пренесува Мина.

Цената би можела да достигне повеќе од десет милијарди долари, пишува Wall Street Journal, повикувајќи се на сигурни извори.

Со Subway управуваат семејствата на основачите Фред Де Лука и Питер Бак.

Како приватна компанија, Subway имаше приближно 20.000 ресторани во САД и скоро 37.000 ширум светот.

Извршниот директор на компанијата Џон Чидси неодамна објави дека има намера да го зголеми бројот на локации надвор од САД на 25.000.

Фото: facebook