Судот во Берлин ја запре изградбата на Tesla Gigafactory

141

Изградбата на Tesla Gigafactory е запрена, откако берлинскиот суд ја отфрли одлуката на понискиот суд, којшто претходно пак ја одби жалбата на организацијата за заштита на околината. Од организацијата се обидоа да го запрат сечењето на шумите југоисточно од Берлин, но првично не наидоа на поддршка.

Сега, новата одлука значи дека Tesla мора веднаш да запре со сечењето и со тоа да ја запре изградбата на својата фабрика.

Минатиот ноември шефот на Tesla, Илон Маск, најави дека во Берлин ќе биде поставена нова Gigafactory. Се очекува дека фабриката ќе биде сместена во близина на новиот аеродром во Берлин, кадешто, исто така, ќе биде изграден инженерски и дизајнерски центар. Една од главните причини за изборот на Германија се инженерските знаења по кои земјата е позната. Се проценува дека земјиштето ќе чини 41 милион евра.

Германскиот министер за економија, Петер Алтмајер, изјави дека компанијата Tesla би можела да добие државни субвенции за изградба на фабриката.

Преземено од Avtoplus.mk