Суецкиот канал ќе се прошири, а Ever Given е уште “заробен“

Раководството на Суецкиот канал планира да го прошири и продлабочи јужниот дел на водниот пат, каде во март заглави бродот Ever Given, предизвикувајќи шестдневна блокада на сообраќајот.

Ова го изјави претседателот на Управниот одбор, Осама Раби. Тој го претстави планот за проширување на каналот на настан на кој присуствуваше и египетскиот претседател Абдел Фатах ал-Сиси, кој изјави дека проектот треба да заврши најмногу за 24 месеци, пренесува Ројтерс.

Раководството на Суецки кaнал има намера да го прошири 30-километарскиот дел од водниот пат за 40 метри на исток, рече Раби, додавајќи дека планира да го продлабочи и тој дел од канал на 72 стапки, 9 метри) од сегашните 66 стапки (20,1 метри).

Претседателот ел-Сиси рече дека инцидентот со бродот Ever Given долг 440 метри, кој заглави на 23 март, ја изнесе во прв план итноста за реализација на овој проект, за кој се размислуваше претходно.

Бродот, натоварен со илјадници контејнери со стоки, сè уште е во каналот поради спор поврзан со барањето на Управата на каналот Суец за надомест на штета од јапонската компанија, која е сопственик на Ever Given.

Фото: Pixabay