„Супер лошото чувство“ на Маск донесе пад на акциите на Тесла

35

Пред некој ден ширум светот одекна веста дека Илон Маск се чини дека го губи оптимизмот за заработката и успехот на неговата компанија Тесла оваа година.

Неговата изјава за „супер лошото чувство“ и потребата од намалување на бројот на работници во гигантот за е-возила, веднаш се одрази на состојбата на берзата.

Акциите на Tesla паднаа за 9% во петокот, според Ројтерс.

Имено, извршниот директор на Tesla, рече дека има „супер лошо чувство“ и дека сака да затвори околу 10% од работните места на пазарот на електрични возила – во тој мејл, насловен „Паузирајте ги сите вработувања низ светот“ увид имаше и Ројтерс.

Запрашан во петокот за негативните економски изгледи на Маск по веста за намалувањето на Tesla, американскиот претседател Џо Бајден рече дека „додека Маск зборува за економските стравови и намалувања, Ford ја зголемува својата инвестиција во нови електрични возила.

Тој ги пофали и поранешниот Крајслер, сега Стелантис, за слични инвестиции во производството на електрични возила во САД и Интел за отворањето на 20.000 нови работни места во производството на компјутерски чипови.