Суперавтомобилските марки со продолжен рок за CO2 таргетот на ЕУ

21

Производителите на суперавтомобили и другите слични производители на автомобили ќе имаат уште неколку години да ги исполнат европските регулативи за емисиите на CO2. Минатата недела, Европската унија се согласи да го продолжи својот рок од 2029 година до крајот на 2035 година за да се префрли на погонски единици со нулта емисија, што е истата година кога ќе се забрани продажбата на нови возила на бензин и дизел. Ова може да биде почеток на крајот за моторот со внатрешно согорување во Европа.

Италија е дом на Ferrari, Lamborghini и Pagani, поради што земјата се залагаше за пролонгирање на рокот минатата година заедно со уште четири европски земји, тврдејќи дека овие производители на автомобили ќе имаат потешкотии да ги исполнат новите CO2 регулативи и се чини дека ЕУ на крајот се согласи. Сепак, според Automotive News Europe, Италија се залагаше за продолжување на рокот до 2040 година што на крајот не го доби.

Новиот договор е победа за производители со мал волумен на автомобили како McLaren, Aston Martin, Koenigsegg, Lamborghini, Bugatti и други. Префрлувањето на хибридни и целосно електрични погонски единици не е лесно за овие производители, кои имаат ограничени ресурси. Овие производители на автомобили, исто така, мора да се борат со технологијата која сè уште е во раните фази на нејзината имплементација. Батериите се тешки, а таа тежина е штетна за севкупните перформанси на автомобилот, што е доста важно за производителите на суперавтомобили.

Компаниите работат на своите први електрични возила

Овие компании се движат кон електрификација, но со свое темпо. Ferrari минатиот месец објави дека нивниот прв целосно електричен модел ќе пристигне во 2025 година, како дел од планот да претстават 15 автомобили помеѓу 2023 и 2026 година. Деталите за првиот ЕВ на Ferrari сè уште се во тајност, но компанијата продолжува да поднесува патенти за електрични и хибридни поставки на погонската единица. Lamborghini минатата недела објави дека ќе го лансира својот прв ЕВ до крајот на деценијата.

Забраната за продажба на ЕУ остава простор за мотори со внатрешно согорување што работат на синтетички горива. Сепак, застапниците имаат само до 2026 година да ја докажат својата ефикасност, што е истата година кога Formula 1 ќе започне да користи одржливо гориво во своите тркачки автомобили. Производителите на автомобили исто така гледаат на водородот како начин да ги намалат емисиите и да ги исполнат целите на ЕУ, но се чини дека возилата со батерии се преовладувачката рута во моментов, а Ferrari, Lamborghini и другите имаат повеќе од една деценија да ја дознаат својата иднина.

Преземено од Avtoplus.mk