Суперјахта инспирирана од дијаманти има водопад, кино и три базени

146

Италијанското студио Gabriele Teruzzi Yachts & Design дизајнираше импресивна суперјахта.

Станува збор за концепт наречен Stella del Sud, кој е инспириран од познатиот 128 каратен дијамант на Картие.

Рендерите ја прикажуваат елегантната, долга 110 метри, јахта во облик на дијамант со спектакуларни стаклени ѕидови што ги поврзуваат сите палуби. Стаклените панели имаат функција на рефлексија на светлината така што постојано светка.

Јахтата е дизајнирана со долг преден дел на кој се наоѓа хелиодром, а има и приватен салон со софи во форма на L идеални за забавување на гостите.

Главната палуба има доволно простор за осум ВИП кабини, теретана и соба за пијано со фантастичен поглед.

Големиот простор содржи и три поврзани базени на различни нивоа, кои создаваат ефект на водопад.

Јахтата е „стратешки дизајнирана“ така што сите патници имаат непречен поглед на морето од главниот салон, кој е опкружен со големи панорамски прозорци.

Пространиот стан со две бањи, гардероба и аквариум вграден во таванот над креветот е резервиран за сопственикот.

Гостите имаат пристап и до кино кое се издига на палубата.

Суперјахтата Stella del Sud моментално е само концепт, но привлекува големо внимание, па би можела да заплови по морето во не така далечна иднина, пренесува Mondo.ba.