СуперКЛИК- услуга за деловно работење од Македонски Телеком, Дуна Kомпјутери и Рафајловски консалтинг

106

superklikМакедонски Телеком во соработка со Дуна Компјутери и Рафајловски консалтинг објави дека од денес на пазарот е достапна нова услуга за деловно работење – СуперКЛИК. Станува збор за услуга која ги интегрира сите бизнис функции за електронско сметководство, напредно финансиско, комерцијално и материјално работење базирана на cloud, наменета за сите компании, без разлика на големината и дејноста.

СуперКЛИК опфаќа различни сегменти во работењето на една компанија, како што се: набавка, продажба, дистрибуција, комерцијално работење, книговодство, унапредување на продажба, менаџирање на маркетинг материјали, сето тоа централизирано во една единствена база, која обезбедува ефикасен пристап на сите вработени и генерирање извештаи на сите нивоа.

Целта на оваа услуга е намалување на трошоците на компаниите за купување и одржување на хардвер, софтвер и поддршка, а се плаќа онолку колку што се користи. За успешно работење и пристап до софтверското решение доволна е само интернет конекција.

Оваа услуга го олеснува бизнисот, ги намалува трошоците и овозможува контрола на процесите и детална анализа на пазарот. Воедно овозможува и едноставен и брз пристап до податоците во кое било време и на кое било место.

СуперКЛИК е достапен во четири различни пакети во зависност од потребите на компанијата преку продажните канали на Македонски Телеком и Дуна Компјутери и Рафајловски консалтинг.

За повеќе информации на http://business.telekom.mk/mk/506/IKT_uslugi/SuperKlik.html и 080078737