Супермаркет во Велика Британија продава “голи“ производи

60

Синџирот супермаркети Waitrose се приклучува кон глобалниот тренд на продажба на “голи“ производи. Станува збор за 11-неделен период во којшто маркетот на купувачите им нуди производи што не се ставени во амбалажа, со што ќе можат да си понесат садови од дома во коишто ќе сместат овошје, зеленчук и други намирници.

Исто така, Waitrose им нуди прилика на оние купувачи кои немаат садови, да им “позајмат“ кутија за пет фунти. Во неа ќе можат да ги стават “голите“ намирници и потоа и да ја вратат назад во маркетот.

Освен очигледните еколошки придобивки од употреба на неспакувана храна, таа според Treehugger, е и поевтина за околу 15%.

Фото: Pixabay