Директори на британски супермаркети бараат од министерот за финансии да обезбеди еднаков даночен третман за сите компании во малопродажба, вклучувајќи ги и онлајн трговците.
Повеќе директори предупредуваат дека актуелниот систем на трговците на мало со големи недвижнини ги става во неповолна положба во однос на компаниите кои работат преку интернет, пренесува ВВС.
Од почетокот на пандемијата, трговците во Велика Британија не мораа да плаќаат даноци што се пресметуваат на основа на големината на недвижнините.
Од април повторно ќе мора да се плаќа тој данок, а на сила ќе стапи и нова даночна стапка бидејќи во тој месец во Велика Британија започнува фискалната година.
Трговците на мало биле критикувани што земаат владина помош поради пандемија и во исто време најавуваат исплата на дивиденда на акционерите. Супермаркетите во меѓувреме на властите им ги вратија даночните олеснувања во вредност од 1,8 милијарди фунти.
Директорот на најголемиот британски синџир на супермаркети, Tesco, бара дигиталните трговци да добијат данок на промет во висина од 1%.
Фото: Freepik