Суташ путерот достапен и на македонскиот пазар

188

sutas puter

Турската компанија Суташ ја прошири палетата на производи во Македонија. Неодамна на македонскиот пазар Суташ го претстави својот нов производ – природниот Суташ путер.

Произведен од 100% природно и високо-квалитетно млеко, Суташ путерот го подобрува вкусот на секој оброк благодарение на своите нутритивни вредности. Во млечната индустрија Суташ е препознатлив по својата експертиза и претставува синоним за квалитет.

Препознатлив по елегантниот дизајн и уникатното пакување, Суташ путерот може да се најде на полиците во сите маркети ширум Македонија, во пакување од 250g и 500g.

Освен на македонскиот пазар, Суташ путерот ќе се најде и на полиците во Косово.