Сваровски се подготвува да почне со производство во Суботица

24

swarovskiАвстрискиот произведувач на луксузен кристал Сваровски започна со подготовка на теренот за изградба на производна хала во Суботица, во индустриската зона Мали Бајмок, пишува Б92.

Австријците ќе потрошат околу 15 милиони евра за првата етапа од оваа инвестиција, која опфаќа изградба на производна хала и вработување на стотина работници, а вкупно би требало да бидат вработени до 600 луѓе.

Вкупната инвестиција е најавена во вредност од 21 милиони евра.

Првите работници веќе се вработени, а од пролет Сваровски најавува започнување на сопствено производство, кое опфаќа процес на обработка, спојување и пакување на кристали, кои целосно ќе бидат наменети за извоз.

Зделката со Сваровски српската влада ја договара уште од 2011 година.

Сваровски е меѓународен концерн со седиште во Австрија. Во 120 земји вработува околу 25.000 луѓе.