Свечена академија по повод 60-годишниот јубилеј на Комерцијална банка

32

60 godini komercijalna banka

Комерцијална банка АД Скопје го слави својот 60-годишен јубилеј со слоганот Заедно создаваме вредности, јубилеј со кој може да се пофалат само мал број институции во Македонија. По повод одбележување на 60-годишниот јубилеј на 23.03.2015 година (понеделник) во 19.30 часот, ќе биде одржана свечена Академија.

За време на свеченоста пред поканетите акционери, гости од земјата и од странство, свое обраќање ќе има Генералниот извршен директор на Комерцијална банка АД Скопје, Хари Костов, кој ќе ги презентирана сите поважни фази од работата на Банката, како и клучни активности што оставија длабоки траги не само во економскиот, туку и во вкупниот општествен живот на Република Македонија.

komercijalna banka

Свеченоста ќе се одбележи и со пригодна музичка програма, а ќе биде врачена и награда на највозрасниот корисник на електронска банка на Комерцијална банка.

“Шеесет години искуство, стекната доверба во строгите меѓународни финансиски кругови, воспоставени кореспондентски односи со реномирани странски банки, добро обучен персонал, јасна визија и стратегија на менаџментот се гаранција дека оваа банка и понатаму ќе биде водечка банка во Републиката“, стои во соопштението.