Светот губи храна вредна околу 400 милијарди долари пред таа да стигне до продавниците, покажуваат податоците на Обединетите нации, пренесува Bloomberg.
Околу 14% од произведената храна во светот се губи некаде по пат, а најголем удел во тоа имаат централа и јужна Азија (20,7%), Северна Америка и Европа (15,7%) и Субсахарска Африка (14%).
“Губењето на храната подразбира непотребен притисок на околината и природните ресурси што се користени за производство. Тоа значи дека земјата и водените ресурси се потрошени, загадувањето е веќе направено и штетните гасови се ослободени во атмосферата“, вели Кју Донгу, генерален директор на Организацијата за храна и земјоделие на Обединетите нации.
Подобро складирање во соодветни услови и права инфраструктура би можела да ги намали овие загуби, но потребни се и детални податоци околу синџирот на дистрибуција за да може да се реши проблемот.
Од друга страна, податоците говорат дека повеќе од 820 милиони луѓе гладуваат секој ден.
Фото: Pixabay