Светот ќе остане без нафта за 15 години?

88

Докажаните резерви од нафта и гас на големите нафтени компании се трошат алармантно брзо и се соочуваат со ризик да бидат исцрпени за помалку од 15 години, бидејќи капацитетите на новите наоѓалишта не може да ги надоместат потрошените количини, предупредува норвешката компанија Rystad Energy.

Најголемите производители на нафта во светот минатата година изгубиле 15% од државните резерви, а преостанатите количини ќе се потрошат за помалку од 15 години со моменталното темпо, освен ако не се откријат нови комерцијални наоѓалишта.

Оваа задача носи голем предизвик бидејќи се намалуваат инвестициите за нови истражувања, а стапката на успешност во откривање на нови места постојано се намалува.

Намалување на потврдените резерви би можело да создаде проблеми за големите нафтени компании, меѓу кои се ExxonMobil, British Petroleum, Shell, Chevron, Total и други, за да може да одржат стабилно ниво на производство во следните години.

Докажаните резерви на големите нафтени компании се намалија за 13 милијарди барели нафта во 2020 година, како резултат на намалената цена, а овогодишните истражувања не дале најохрабрувачки резултати.

Новооткриените наоѓалишта имаат капацитет од 1,2 милијарди барели нафта во првото тримесечје од оваа година, што е најниско ниво во последните седум години.

Фото: Pexels