
Светската банка треба да ја зајакне својата улога како глобален заемодавател, според новиот претседател Аџеј Банга. Според него, ова е клучот за банката да може уште повеќе да им помогне на земјите во развој во борбата против климатските промени, сиромаштијата и пандемијата.
Банга, кој го презеде раководството на Светската банка во јуни, на прес-конференција во рамки на годишниот состанок на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка рече дека е во „институција која има важна историја и направи одлучувачка работа во последните 78 години“, потребни се „длабоки културни промени“.
Претседателот на Светска банка нагласи дека од почетокот на дискусиите за проектот до неговото одобрување може да поминат 27 месеци. „Идејата за подобра банка е банка која работи подобро во нејзините рамки и е поефикасна во своите процедури“, рече поранешниот шеф на Mastercard.
Кога Банга ја презеде функцијата, тој вети дека климатските промени ќе бидат негов главен приоритет. Според неговото мислење, сиромаштијата, пандемиите и климатските промени се „речиси како совршена бура“, така што овие области не треба да се третираат одделно.
Тој изрази уверување дека банката има потреба од поголеми финансиски стимулации. Акциите кои моментално се во тек би можеле да го зголемат кредитниот капацитет за 150 милијарди долари во следната деценија. „Тоа е голема бројка, но нема да биде доволна за сите предизвици со кои се соочува светот. Нема сомнеж дека ни треба поголема банка“, тврди тој.
Состанокот на ММФ и Светска банка, кој оваа недела се одржува во Маракеш, ќе заврши во недела, а главна тема на состанокот е креирањето насоки за иднината.











