Светска банка добива конкуренција – БРИКС ќе формира развојна банка

17

BRICS_FlagsЛидерите на земјите од БРИКС (Бразил, Русија, Индија, Кина и Јужна Африка) постигнаа договор за основање развојна банка која ќе им биде конкуренција на западните институции. Банката најверојатно ќе се фокусира на финансирање на инфраструктура и ќе и биде директна конкуренција на Светската банка која доминира во последните 70 години.

“Готово е. Остваривме огромен напредок, а челниците наскоро ќе ги откријат деталите”, изјави министерот за финансии на Јужна Африја, Правин Гордан по состанокот со колегите во Дурбан.

Оваа иницијатива на БРИКС ќе овозможи здружување на нивните ресурси, кои ќе можат да се користат на подолг рок за кредитирање во текот на светската финансиска криза, нешто како европските фондови. Во дипломатските кругови се шпекулира дека секоја од земјите би требало во банката да вложи почетен капитал од 10 милијарди долари.

Земјите на БРИКС заедно сочинуваат 25% од глобалниот БДП и 40% од светската популација. Членовите сметаат дека институциите како Светска банка и ММФ не се менуваат доволно брзо и во согласност со новиот светски поредок.