Светска банка: Економскиот раст во Источна Азија и Пацификот ќе забави на 4,5 отсто

22

Економскиот раст во регионот на Источна Азија и Пацификот ќе забави оваа година од 5,1 отсто во 2023 година на 4,5 отсто, се вели во извештајот на Светска банка.

Банката очекува послаб економски раст поради тешкотиите во Кина и пошироката политичка несигурност, пренесува CNBC.

„Сè уште е регион кој го надминува остатокот од светот во однос на економскиот раст, но не постигнува резултати што би одговарале на неговиот потенцијал“, рече главниот економист на Светска банка за Источна Азија и Пацификот, Адитја Мату.