Светска банка: Хрватска е два ипол пати посиромашна од регионот

14

croatia-wealthФото: Pixabay

Иако лоцирана во еден од најбогатите региони во светот, со 147 долари мечено по жител, Хрватска е два ипол пати под просекот во регионот којшто изнесува 368 долари по жител, покажува најновиот извештај на Светска банка.

Подобро рагнирана од Хрватска е Полска со 154 долари по жител, додека, пак, Словенија се наоѓа на 16-та позиција со 351 долар месечно. Просекот на останатите европски држави е помеѓу 600 и 900 долари по месец, додека во државите од Источна Европа и Средна Азија е под 100 долари, покажува анализата.

Во извештајот се наведува дека 27% од светското богатство е лоцирано во Западна Европа. А повеќе од 80% од регионалното богатство е токму во западневропските држави. Граѓаните на Норвешка, Швајцарија и Луксембург се најбогатите во светот.

Глобалното богатство порасна за 66% во изминативе неколку децении, а тоа пред сè, се должи на нееднаквата распределба на ресурсите, се наведува во публикацијата на Светска Банка.