Светска банка мора да го запре финансирањето на фосилни горива

94

Високи европски претставници ја повикаа Светска банка од стратегијата за климатски промени да ги исклучи инвестициите во проекти поврзани со нафта и јаглен и постапно да ги укинува вложувањата во врска со природниот гас.

Извршните директори на Светска банка што ги претставуваат големите европски земји и Канада ги поздравија заложбите на Светска банка преку кредитирање да даде поддршка на проекти насочени кон намалување на емисијата на штетни гасови.

“Сметаме дека Светска банка би требало да го направи и следниот чекор и да ги исклучи сите инвестиции поврзани со јаглен и нафта и дополнително да ја осмисли политиката на постапно укинување на инвестициите во проекти поврзани со природен гас за да може инвестира само во исклучителни околности“, сметаат европски претставници.

Фото: Pexels