Светска банка одби да помогне на Ел Салвадор во легализацијата на биткоинот

33

Ел Салвадор побара помош од Светска банка за спроведување на биткоинот како официјално средство за плаќање, но оваа институција го одби поради влијанието на криптовалутата врз животната средина.

Минатата недела Ел Салвадор одлучи да ги легализира плаќањата со најпознатата крипто валута во светот, за да може да се користи за купување во продавници, но и за плаќање сметки, даноци и слично.

Веднаш по објавувањето на оваа вест, многумина се прашуваа како Ел Салвадор ќе ја спроведе својата намера. Земјата побара помош од Светска банка во врска со технологијата за воведување криптовалута во официјалните плаќања, но таа не ја доби.

Во соопштението на Светската банка се вели дека не може да поддржи нешто што предизвикува еколошки проблеми и не е доволно транспарентно. Поимот за транспарентност во овој контекст е поврзан со загриженост за употребата на крипто-валути во нелегални активности како што се перење пари и трговија со дрога.

Фото: Pixabay