Светска банка подготвува помош за земјава во вредност од 140 милиони евра

30

Светска банка ја финализира програмата на активности за помош на земјава за справување и намалување на влијането од коронакризата.

Помошта, како што наведува групацијата во најновиот извештај, е околу 140 милиони евра.

Помошта вклучува и нов брз проект како одговор на итните приоритети во здравствениот сектор, но и за заштита на приходите на домаќинствата, како и реструктуирање на веќе одобрени проекти за мобилизирање на средства за поддршка на малите и средни претпријатија.

Се очекува овие програми да изнесуваат околу 140 милиони евра, стои во објавениот извештај на Светска банка.

Фото:Pixabay