Светска банка го одобри првичниот глобален пакет од 1,9 милијарди долари за надминување на кризата предизвикана од пандемија на вирусот што 25 земји низ целиот свет, вклучувајќи ги и оние во Европа и Централна Азија, ќе можат да го примат и користат по итна постапка.
Покрај тоа, како што одлучи Одборот на директори на Светска банка, неколку земји добиваат поддршка од главниот глобален кредитор преку други средства за финансирање, вклучително и предвремено повлекување или реструктуирање на постојни проекти и кредити.
“Земјите ширум Европа и Централна Азија, како и во другите делови на светот, се соочуваат со вонредна здравствена ситуација што има непосредни социјални и економски импликации,каква не е видена во скоро минато“, рече потпретседателот на Светската банка за Европа и Централна Азија, Кирил Милер.
Според Банката, повеќе од десет земји ширум Европа и Централна Азија моментално разговараат за проекти со Светската банка за ублажување и решавање на последиците од пандемијата со Ковид-19.
Фото:Pixabay