Светска банка: Се очекува побавен од очекуваниот раст на глобалната економија

Претседателот на Групацијата на Светска банка, Аџеј Банга,  изјави дека неизвесноста поврзана со зголемените царини во светот сигурно ќе доведе до побавен раст на глобалната економија отколку што се очекуваше пред неколку месеци.

„Повисоките тарифи ќе создадат ситуација што ќе доведе до помала транспарентност“, рече тој на вебинарот организиран од Светска банка.

Банга додаде дека дефинитивно има неизвесност и нестабилност во светот.