Светска премиера на првиот електричен спортски автомобил со четири седишта од Porsche

24

p4Со претставувањето на Mission Е на автомобилскиот саем во Франкфурт, Porsche го воведува првиот целосно електричен спортски автомобил со четири седишта во својата историја. Концепт автомобилот го комбинира непогрешливиот емоционален дизајн од Porsche со одлични перформанси, практичност и погонски систем со 800 волти.

p3

Клучните податоци во спецификацијата на овој фасцинантен спортски автомобил се: четири врати и четири седишта, голема моќ повеќе од 600 КС (440 kW), опсег над 500 km, погон на сите тркала и управувањето на сите тркала, забрзување од 0 до 100 km/h за помалку од 3,5 секунди и време за полнење од само 15 минути, кои се доволни за да се наполни батеријата повеќе од 80%.

p2

Инструментите се управуваат интуитивно со следење на окото и контролата е со помош на гестикулациите, некои инструменти се управуваат и преку холограми – контролната табла е целосно ориентирана кон возачот и автоматски ги прилагодува екраните според положбата на возачот.