Светска премиера на Škoda Octavia Combi во Женева

23

Octavia Combi 2Новата Škoda Octavia Combi ја имаше својата светска премиера на меѓународниот саем за автомобили во Женева, на кој беше претставена и верзијата со погон на сите тркала – Škoda Octavia Combi 4×4.

“Третата генерација на овој најпродаван модел од Škoda поставува нови стандарди за пространост, квалитет, дизајн, технологија и сооднос цена/квалитет. Како Škoda Octavia лимузина, така и Škoda Octavia Combi прави огромен чекор напред и сега е возило со висок квалитет од средната класа, по цена на компактно возило. Со новата Škoda Octavia и нашата широка и модерна линија на возила, имаме добра основа да ја засилиме позицијата на брендот на потешките пазари”, изјави претседателот на Škoda Auto, Винфрид Валанд.

Новиот модел Škoda Octavia Combi не само што е значително поголем од својот претходник, тој поставува и нови стандарди во споредба со веќе постоечките модели од сегментот. Кај Škoda Octavia Combi, резервоарот е зголемен за пет литри или за дваесет литри повеќе отколку лимузината. Кога ќе се склопат задните седишта, се овозможува поголем товарен простор до 1740 литри (наместо претходните 1655 литри). Покрај тоа, новата Škoda Octavia Combi може да се пофали со најмодерна технологија. Во однос на безбедноста, постојат бројни електронски помошни системи, како и бројни електронски системи за удобност, забава и навигација. Новите мотори се 17% поекономични во споредба со претходната генерација. Кај Škoda Octavia Combi може да се избира помеѓу четири бензински и четири дизел мотори, вклучувајќи и GreenLine верзија со емисија на 87g/km CO2. Kај Škoda Octavia Combi 4×4 достапни се три различни мотори, каде што е вградена и петтата генерација на Халдекс спојката.

Škoda Octavia е најпродаваниот модел на брендот Škoda, а компанијата планира да ја зацврсти меѓународната позиција со третата генерација на лимузини и Combi возила. Škoda испорача над 939.200 возила на своите потрошувачи ширум светот во 2012 година, што претставува нов рекорд во продажбата и раст од 6,8% во споредба со 2011 година.