Светската популација во наредните денови ќе достигне 8 милијарди

35

Обединетите нации процениле дека светското население ќе достигне 8 милијарди на 15 ноември и дека Индија следната година ќе ја замени Кина како најнаселена нација во светот.

Во извештајот објавен на Светскиот ден на населението, ОН, исто така, наведува дека глобалниот раст на населението падна под 1 процент во 2020 година, првпат од 1950 година.

Според најновите проекции на ОН, светската популација би можела да порасне на околу 8,5 милијарди во 2030 година. Тој број ќе скокне на 9,7 милијарди во 2050 година и ќе достигне врв на околу 10,4 милијарди во 2080-тите. Се предвидува дека на тоа ниво ќе остане до 2100 година.

Во извештајот се наведува дека повеќе од половина од предвиденото зголемување на населението до 2050 година ќе биде концентрирано во само осум земји: Конго, Египет, Етиопија, Индија, Нигерија, Пакистан, Филипини и Танзанија.

Извештајот „Проспективите на светското население до 2022 година“ проценува дека светската популација сега изнесува 7,942 милијарди.