Светски пазари: Индексите пораснаа петта недела по ред

41

На светските берзи цените на акциите пораснаа и минатата недела, петти пат по ред, додека инвеститорите оценуваат кога централните банки на западните земји ќе почнат да ги намалуваат каматните стапки со оглед на тоа што инфлацијата се намалува.
На Волстрит, Dow Jones скокна за 2,4 отсто минатата недела, на 36.245 поени, додека S&P 500 зајакна 0,8 отсто, на 4.594 поени, а индексот Nasdaq за 0,5 отсто, на 14.305 поени.

Во ноември овие индекси силно пораснаа и со тоа ги надоместија сите загуби од претходните три месеци, па на почетокот на декември S&P 500 го достигна највисокото ниво оваа година. Ова е благодарение на слабеењето на инфлацијата во САД, поради што инвеститорите се убедени дека американската централна банка го завршила циклусот на зголемување на каматните стапки. Дополнително, американската економија постојано расте, па се проценува дека ќе избегне рецесија и покрај наглото зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД во последната година и половина.

Инвеститорите во последните денови будно ги следат пораките на првиот човек на ФЕД, од кои може да се заклучи дека централната банка најверојатно го завршила циклусот на зголемување на каматите. Затоа пазарот сега е главно управуван од проценките за тоа кога ФЕД би можел да започне со намалување на каматните стапки. Пооптимистичките аналитичари проценуваат дека тоа би можел да го направи веќе во март, додека пореалните го очекуваат кон средината на следната година.

Цените на акциите пораснаа и на европските берзи минатата недела. Лондонски FTSE индекс зајакна 0,5 отсто, на 7.529 поени, додека франкфуртски DAX порасна за 2,3 отсто, на 16.397 поени, а париски CAC 0,7 отсто, на 7.346 поени.

На берзите владее добро расположение од четвртокот, првата проценка на Евростат покажа дека инфлацијата во еврозоната се лизна на 2,4 отсто во ноември, што е најниско ниво од средината на 2021 година.

Ова ја поткрепи тезата дека Европската централна банка (ЕЦБ) го завршила циклусот на покачување на каматните стапки и дека наскоро може да се очекува намалување на каматните стапки, имајќи предвид дека економијата на еврозоната слабее. Иако челниците на ЕЦБ велат дека се уште е рано да се зборува за тоа, на пазарот се шпекулира дека првото намалување на каматните стапки би можело да дојде веќе во април.