Светскиот ден на туризмот во Крушево одбележан во знакот на планинскиот велосипедизам

48

Во организација на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Ски центар Панорама – Крушево, на 25 и 26 септември беа одржани неколку активности за да се одбележи Светкиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември.

На 25 септември, новиот заменик-амбасадор на Швајцарија, Луциен Аегертер, го посети Крушево и оствари средба со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и други локални партнери. Целта на овие средби беше да се разговара околу минатите и сегашни активности за развој на активниот туризам во Крушево кои се реализираат со швајцарска поддршка.

“Чест ни е што по повод Светкиот ден на туризмот го посетивме Крушево за да посведочиме за огромниот потенцијал што Крушево, но и цела Пелагонија, ја имаат за активен туризам. Швајцарија го поддржува развојот на активниот туризам во Крушево уште од 2014 година. Отворањето на Инфо-центарот за активен туризам, подобрена безбедност при параглајдинг и поддршка за фестивалот  When in X, се само дел од иницијативите кои имаат придонесено за зголемен број туристи преку целата година во Крушево, со што се придонесува и за зајакнување на локалната економија“, изјави Луциен Аегертер заменик-амбасадор на Швајцарија.

Организаторите Ски центар Панорама и Швајцарската програма ИМЕ организираа средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачки капацитети, бајкинг заедницата во Македонија, претставници од тур операторите и други локални чинители. Целта на оваа средба беше дискусија за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело туристичка дестинација.

Со ова беше најавена новата иницијатива што ќе се спроведува во Крушево со швајцарска поддршка.
“Денеска, заедно со Ски центар Панорама, Општина Крушево, Агенција за развој и промоција на туризмот, бајкинг заедницата и останатите локални партнери, го одбележуваме почетокот на уште една инвестиција во Крушево. Во наредниот период, експерти од Швајцарија ќе обезбедат поддршка во трасирање висококвалитетни рути за планински велосипедизам и со тоа Крушево може да стане топ велосипедска дестинација. Се надеваме дека ова ќе придонесе за што поголем број професионални велосипедисти, но и туристи кои сакаат активен одмор да го истражуваат Крушево и околината на велосипед,“ изјави Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ.

“Создавање на вело патеките е од одгромна важност за дополнување на туристичката поддршка, и промоција на активниот туризам во Крушево,“  изјави Јаким Митревски, преставник на Хотел Панорама.

“Нам како велосипедисти важно ни е обележување на се повеќе велосипедски патеки, и поголема и подбра интраструктура низ целата дестинација” рече Здравко Ристевски, еден од организторите на фестивалот „Крушево низ корија“.