Светските цени на храната стагнираа во март, цените на растителното масло скокнаа за 3,7 отсто

Светските цени на храната главно стагнираат во март во споредба со февруари и покрај зголемувањето на цените на растителното масло за 3,7 отсто, објави денеска Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО).

Вредноста на светскиот индекс на цените на храната (FFPI) за март изнесува 127,1 поен, што е речиси непроменето во однос на февруарските 126,8 поени, соопшти ФАО.

Резултатот е последица на месечното зголемување на вредноста на индексот во категориите месо и растителни масла со пад на цените на житарките и шеќерот, додека индексот на цените на млечните производи е непроменет.

Фото: Pixabay