Светските хотели се откажуваат од минибаровите

28

minibarХотелските ланци како Hilton, Sheraton, Westin, Hyatt, Marriott ќе ги отстрануваат минибаровите од собите откако заклучија дека држењето на овие мали ладилници со пијачки и грицки им создаваат повеќе проблеми и главоболки отколку добро.

Луѓето веќе не сакаат да плаќаат високи цени за шишенце вода или пакетче ореви. Затоа хотелите ќе ги тргаат минибаровите, а идејата е да се поттикнат гостите да ја користат услугата room service или хотелските барови, на кои работното време ќе им биде продолжено. Другата опција е да се постават автомати со пијалоци.

Портпаролот на Starwood, кој ги поседува брендовите W Hotels, Sheraton и ште неколку, изјави дека нивната група воведува комплетно опремени мали кујни со простор за готвење, па немаат потреба од минибарови, пишува The Independent.