Светските цени на нафтата во пад

54

Цените на нафтата на светскиот пазар денеска се во пад поради загриженоста поради послабото економско закрепнување на Кина.

Во Лондон цената на суровата нафта „брент“ од Северното Море падна за 35 центи и сега изнесува 86,46 долари за барел.

Во Њујорк цената на лесната сурова нафта е за 38 центи пониска и изнесува 82,81 долари за барел, пренесува Срна.

„Цената на нафтата во текот на неделата ќе биде ограничена поради слабото економско закрепнување на Кина и јакнењето на американскиот долар, но ОПЕК и нивните сојузници сугерираат дека ќе направат сè што можат за да ја намалат дневната понуда и да го стабилизираат пазарот “, потенцираше пазарниот аналитичар од компанијата „ЦМЦ Маркет“ Тина Танг.